Религиозен марш во Хонг Конг


Околу илјада луѓе денеска учествуваа во Христијанскиот марш низ центарот на Хонг Конг. Тоа е 13-ти викенд од продемократските протести во градот под кинеска контрола.
Демонстрантите се собраа на спортско игралиште и се упатија кон Методистичка црква, а потоа до седиштето на полицијата.

Демонстрантите пееја религиозни песни и извикуваа пароли на продемократското движење.

Властите во Хонг Конг ги одбија барањата на други групи демонстранти за одржување на голем протест, но се подготвуваат за евентуално не одобрени демонстрации.

Полицијата ги затвори улиците и подземната железница во близина на Канцеларијата на кинеската Влада во Хонг Конг, која се наоѓа на пет километри од местото на одржување на религиозниот марш.

За религиозни собири во Хонг Конг не е потребно одобрување од полицијата, која вчера соопшти дека е потребна дозвола за собир за повеќе од 30 луѓе.

Полицијата на Хонг Конг по тримесечните демонстрации во четвртокот првпат одлучи да ги забрани протестите што се закажани за денеска, со кои требаше да се одбележи 50-годишнината од пакетот изборни реформи кои ги предложи Пекинг.

Во образложението на полицијата се наведува дека протестот е забранет поради тоа што демонстрантите, набљудувачите, полицајци и новинари за време на протестите се здобиле со „сериозни повреди“.