ЕП во вторник ќе гласа за предлогот Урсула фон дер Лајен да застане на чело на ЕК


– Европскиот Парламент во вторник вечер ќе гласа за предлогот на Европскиот совет Урсула фон дер Лајен да ја предводи Европската комисија, соопшти денеска прес службата на ЕП. Според западните агенции, се предвидува претходно во вторник Фон дер Лајен да им се обрати на европратениците во пленарната сала на ЕП. Таа пред нив треба да […]

Прилепското обвинителство чека снимки и извештај од вештачењето за рачната бомба


Прилепското Основно јавно обвинителство ќе чека полицијата да им достави снимки од камери и да го добие извештајот од крим-техничкото вештачење од рачната бомба што вчера беше пронајдена до летната бавча на кафулето „Кафе ин“ во строгиот центар на Прилеп. Како што информираа од обвинителството, веднаш биле издадени налози за полицијата да ги прибави снимките […]

Каква е одговорноста за наивноста?


Слободанка Јовановска Македонија, или по ново Северна Македонија, е дојдена до граница да биде прогласена за пропадната држава. Епизодата со руските комичари го покажа тоа најдобро деновиве. И причината не е толку што премиерот Зоран Заев испадна наивен, што перцепцијата за неговата способност да владее е сериозно нарушена, што секој од надвор и од внатре […]

(Фото) Црвен крст обучува возачи правилно да укажат прва помош


Црвен крст бесплатно ќе ги обучува граѓаните за укажување прва помош. Кампањата под мотото „Твоето незнаење чини живот“ наменета за возачите ќе почне од 15 јули, а следува по направени анализи дека во голем број случаи граѓани, пред сѐ возачи, не знаат правилно да укажат прва помош во случај на сообраќајна несреќа. Од Црвениот крст […]

(ВИДЕО) Пожар во електроцентрала во близина на Москва, пламените јазици високи 50 метри


Во гасната електрана во близина на Москва денес избувна голем пожар, објави ТАСС. На местото на настанот се излезени противпожарни служби, а во гаснењето се вклучени и два хеликоптера, пренесува РТ. На видеата што се објавени на социјални мрежи се гледа пожарот кој се крева на небото, дури 50 метри во височина. Првично се соопштува […]

Спасовски: Безбедносната состојба во државата е стабилна


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска при посетата на Центарот за обука во Идризово прашан за безбедносните проценки по најавите од Ел Чека „дека е можно да се случи ново Куманово среде Скопје“, изјави дека безбедносната состојба е стабилна. „Безбедносната состојба е стабилна, мирна и нема никакви индиции за нарушување на целата територија на […]

Големо невреме ја погоди и Албанија


Големо невреме, проследено со силен ветер, дожд, град и електрични празнења, ја погоди речиси целата територија на Албанија, предизвикувајќи поплави, материјална штета врз возила и објекти, како и прекин во снабдувањето со електрична енергија. Посебно погодени подрачја се околиите на Ѓирокастро, Валона, Саранда, Корча и Шенѓин, каде ветрот корнеше дрвја, што предизвика и застој во […]

Пораки до Врховен: Судиите не може сами себе да се амнестираат


Врховниот суд вчера не одржа и уште нема закажано општа седница на којашто треба расправа за иницијативата што ја поднесоа двајца адвокати во која се бара највисокиот суд да донесе правно мислење со кое во постапките за разрешување на судии што се водат во Судскиот совет би се применувал поблагиот закон за судиите. На минатата […]

До недела променливо и посвежо време со повремен пороен дожд


Променливо и посвежо време со дожд кој некаде ќе биде пороен, најавува УХМР за петок и деновите од викендот.   Утре и во сабота во попладневните часови ќе има појава на локален дожд. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во сабота во текот на ноќта и во недела. Минималните дневни температури […]

ЕК: Економскиот раст на Северна Македонија со позитивни изгледи, да се внимава на ризиците


Годишната анализа на Европската комисија за економските реформски програми на земјите кандидати за членство во ЕУ покажува позитивни трендови за Северна Македонија и го привлекува вниманието на сите чинители кон предизвиците. Европската комисија констатира дека економскиот раст во земјава повторно зема залет и дека изгледите се позитивни. – Благодарение на силниот извоз и силната домашна […]

Заев разговарал со Тачи: Ако сум ги повредил граѓаните на Косово намерата не ми била таа


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека разговарал со косовскиот претседател Хашим Тачи во врска со неговиот разговор со руските комичари, посочувајќи дека доколку со тоа ги повредил граѓаните или претседателот на Косово намерата не била таа. – Зборувавме со Тачи, бараше објаснување. Јас разменив и порака со претседателот на Србија Александар Вучиќ. Сакам уште еднаш […]

Почина директорот на МЖ Транспорт Шабан Зендели


По кратко боледување почина генералниот директор на МЖ Транспорт АД-Скопје, Шабан Зендели (1961) соопшти МЖ Транспорт. Погребот на Зендели ќе се одржи денеска попладне во 17 часот во кумановското село Оризаре. Зендели ја вршеше функцијата генерален директор од 2018 година.

Македонските туристи остануваат на Халкидики, нема поголеми откажувања на аранжманите


Со македонските туристите кои се на одмор во регионот Халкидики што беше зафатен од силно невреме се контактира и им се нуди помош, но досега нема такви пријави, ниту пак поголеми откажувања на туристичките аранжмани, велат за МИА дел од туристичките агенции од државава. Од туристичката агенција „Атлантис“ изјавија дека досега не добиле повик за […]

„Димитар Солев како полемичар“-нова книга од Веле Смилевски


„Димитар Солев како полемичар“ е насловот на новата книга на Веле Смилевски, објавена во издание на „Дијалог“ од Скопје. Димитар Солев (1930 – 2003) е едно од позначајните имиња во современата македонска литература. Во книгата на Веле Смилевски посебно место заземаат критичко-есеистичките и полемичките заложби на Димитар Солев во педесеттите и шеесеттите години од минатиот […]

(Фото) Се удрија „ауди“ и комбе кај крстот во Аеродром, има повредени


  Тешка сообраќајна незгода се случи утрово во Аеродром, на крстосницата кај крстот, во која има неколку повредени. Имено, на крстосницата на „Трета Македонска бригада“ и булеварот „Србија“ се удриле автомобил „ауди“ и комбе. Предниот дел на автомобилот е смачкан, а комбето завршило во спротивен правец на булеварот. Во незгодата, како што информираа од МВР […]

Харадинај: Сребреница, варварски чин на еден мизерен режим


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, на 24-годишнината од геноцидот во Сребреница, порача дека масакрот врз илјадниците муслимани во таа босанска енклава, како и другите масовни убиства на Балканот, остануваат неизбришиви дамки на совеста на човештвото, јави дописникот на МИА од Приштина. Преку објава на Фејсбук, Харадинај порача дека „денеска Косово е со народот на Босна, со […]

Јанакиески не беше спроведен во суд, се одложи „Топлик“


Обвинетите Миле Јанакиески и Димитар Димовски денеска не беа спроведени од истражниот затвор „Скопје” во суд на рочиштето за случајот „Топлик“ на СЈО. Судијата Осман Шабани рече дека судот не добил информација зошто не се реализирани барањата за спровод на обвинетите. На рочиштето не присуствуваше и судијата поротник, па судијата Шабани следното рочиште за предметот […]

Кој е Белгиецот што ќе го наследи Доналд Туск? Шарл Мишел, градител на компромиси


Десет години од првото именување на Херман ван Ромпуј, Белгија повторно ќе ја заземе врвната европска функција, при што премиерот Шарл Мишел ќе го замени Доналд Туск на 1 декември. „Шарл Мишел, со своето искуство како белгиски премиер, ќе биде идеален за изнаоѓање консензус и градење единство меѓу земјите членки“, рече Туск откако водачите на […]

(Видео) По невремето, прогласена вонредна состојба на Халкидики


По невремето кое го зафати грчкиот полуостров Халкидики, во кое загинаа шест странски туристи, а материјалната штета е огромна, грчката влада прогласи вонредна состојба. Околу 80 отсто од Халкидики, а особено првиот крак и мал дел од вториот останаа без струјa. Два високонапонски столба се урнале на подрачјето на каналот Неа Потидеа, а исто така […]

„Пошта“ почна да наплаќа провизија за сметките за струја и за вода


Провизија од по 15 денари за сметка, почна да наплаќа „Македонска пошта“ за граѓаните што кај нив ги подмируваат сметките за струја и за вода. Новите правила важат од први јули, љубезно информираат на шалтерите на поштата. Сметките за парно сѐ уште поминуваат без провизија.