Прилепското обвинителство чека снимки и извештај од вештачењето за рачната бомба
Како што информираа од обвинителството, веднаш биле издадени налози за полицијата да ги прибави снимките од околните камери, а налогот за вештачењето за каков тип експлозивна направа станува збор е со назнаката „под итно“. Од обвинителството потврдуваат дека станува збор за вистинска, а не лажна експлозивна, неексплодирана направа – рачна бомба, но вештачењето треба да покаже за каков вид станува збор.
Рачната бомба под една столица ја пронашле вработените, а во полицијата пријавил сопственикот на кафе-барот „Кафе ин“ вчера во 12.10 часот. Потоа полицијата ја обезбеди околината. Пред 15 часот Единицата за антитероризам од Скопје ја демонтираше и ја отстрани рачната бомба.
Прилепчани кои беа вознемирени се уште го коментираат случајот со најразлични шпекулации во исчекување на официјални информации од надлежните институции.