Почина директорот на МЖ Транспорт Шабан Зендели


По кратко боледување почина генералниот директор на МЖ Транспорт АД-Скопје, Шабан Зендели (1961) соопшти МЖ Транспорт.

Погребот на Зендели ќе се одржи денеска попладне во 17 часот во кумановското село Оризаре.

Зендели ја вршеше функцијата генерален директор од 2018 година.