(Фото) Црвен крст обучува возачи правилно да укажат прва помош


Фото: Б.Грданоски
Црвен крст бесплатно ќе ги обучува граѓаните за укажување прва помош.
Кампањата под мотото „Твоето незнаење чини живот“ наменета за возачите ќе почне од 15 јули, а следува по направени анализи дека во голем број случаи граѓани, пред сѐ возачи, не знаат правилно да укажат прва помош во случај на сообраќајна несреќа.
Фото: Б.Грданоски
Од Црвениот крст велат дека со обновување на знаењето за укажување прва помош ќе се спречат поголеми здравствени последици, но и жртви од сообраќајни несреќи.
Пред промоцијата се одржа симулација во живо на спотот што беше промовиран, беа презентирани целите на кампањата, што почнува на 15 јули, а воедно беа претставени бренд-амбасадорите на кампањата, манекенката Катарина Ивановска и водителката Анита Латифи.
Фото: Б.Грданоски
Кампањата беше промовирана во отворениот простор по подвозникот спроти хотелот
„Александар Палас“ во Скопје.

– Меѓу главните причини за сообраќајните незгоди се вбројуваат брзото возење, непочитувањето на правилата за првенство на минување, недржењето страна и правец на движење, непрописното движење и свртување, користењето мобилен телефон и управувањето под дејство на алкохол. Што се однесува до системот за обуки за Првата помош за возачи постојат одредени аномалии кои треба системот да ги надмине. Ние сме тука во улога на помагател на властите и за давање препораки со цел да се надминат слабостите. Целта на оваа кампања е да се обноват знаењата на возачите, додаде Саити.

Katerina Ивановска упати апел до возачите да ги посетат општинските организации на Црвениот крст каде ќе се одржат курсевите за пружање Прва помош по сообраќајни незгоди.

– Сообраќајните незгоди се наше секојдневие. Секој може да биде жртва и сведок, така што при пружање Прва помош шансите за преживување се 80 проценти, а незнаењето може да чини живот, додаде Ивановска.

На промоцијата присуствуваа претставници на Здравствен дом Скопје, на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и познати личности.
Фото: Б.Грданоски
Статистиката покажува дека минатата година имало 133 жртви и 5.860 повредени лица во сообраќајни несреќи а како главна причина се наведува брзото возење и непочитување на правилата во сообраќајот.