Спасовски: Безбедносната состојба во државата е стабилна


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска при посетата на Центарот за обука во Идризово прашан за безбедносните проценки по најавите од Ел Чека „дека е можно да се случи ново Куманово среде Скопје“, изјави дека безбедносната состојба е стабилна.
„Безбедносната состојба е стабилна, мирна и нема никакви индиции за нарушување на целата територија на државата. МВР и сите други органи кои се надлежни за спроведување на законот си ги преземаат сите свои активности во однос на безбедносната состојба“, истакна Спасовски