Јанакиески не беше спроведен во суд, се одложи „Топлик“


Фото: Б. Грданоски

Обвинетите Миле Јанакиески и Димитар Димовски денеска не беа спроведени од истражниот затвор „Скопје” во суд на рочиштето за случајот „Топлик“ на СЈО.
Судијата Осман Шабани рече дека судот не добил информација зошто не се реализирани барањата за спровод на обвинетите.
На рочиштето не присуствуваше и судијата поротник, па судијата Шабани следното рочиште за предметот го закажа за 6 септември.
Во „Топлик“ првоосомничен е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“. Освен него, осомничени се уште пет лица.