Димковски и Спасовски ќе ги посетат погодените села од невремето во Преспанскиот регион


Министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе ги посетат автокампот Крани, село Наколец и околните села од Преспанскиот регион што беа погодени од синоќешното невреме. Во невремето со силен дожд, ветер и град, е предизвикана голема материјална штета и се отсечени села. Невремето кое траело околу […]

Македонец падна во Пула поради злато


Четириесет и тригодишен македонски државјанин се соочува со кривична пријава од хрватските власти затоа што кај него е пронајдено поголемо количество злато, кое го нема пријавено при влез во земјата. Настанот се случил завчера околу 13 часот во коцкарница на улицата „Загрепска“ во Пула. „Полициските службеници го затекнале мажот кој со себе имал повеќе од […]

Во живо – Заев и Баздникин на пуштање во употреба безнинска пумпа


По повод отворањето на 31-та бензинска станица во земјава, денеска во населбата Ченто, во Скопје, ЛУКОИЛ Македонија ќе се обратат премиерот Зоран Заев, амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија Сергеј Баздникин и Андреј Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија. Бензинската станица е лоцирана на ул.„Методија Андонов Ченто“, нас. Ченто, на излезот од Скопје […]

(Фото+Видео) Невремето направи пустош во Преспа и Охридско


Силното невреме со дожд и ветер, што вчера попладне го зафати и охридското и преспанското крајбрежје, корнеше гранки и дрвја и уништуваше шатори и приколки во автокамповите во Ливадиште, Љубаништа и Свети Наум, како и во преспанското крајбрежје. За среќа, нема повредени. Од Центарот за управување со кризи, ЦУК, информираат дека од силното невремето уништен […]

Спасовски: Протоколите не се под директна контрола на МВР, тоа е работа на секој од кабинетите во Владата


Има протоколи и начин на кој се комуницира во однос на секој носител на државна и јавна функција во Република Северна Македонија. Треба да се следат тие протоколи. Ова го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по посетата на Центарот за обука во Идризово каде што во тек е селекцијата за нови полициски службеници, […]

Мицотакис ги откажа денешните средби поради ситуацијата на Халкидики


Грција– Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис од утрово се информира за последиците од невремето што одзеде шест животи, а поради ситуацијата на Халкидики ги откажа средбите закажани за утрово, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис беше планирано во 10,30 часот да се сретне со поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, а час подоцна да го […]

(Видео) Повредени пет деца на Халкидики


Од пад на предмети поради силниот ветер на Халкидики, повредени се пет деца – четири девојчиња и едно момче, на возраст од 3,5 до 13 години. Сите се хоспитализирани во солунска болница и се надвор од животна опасност, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Едно од децата имало повреди на […]

Бр. 456


Нано Ружин – Средната класа му пресуди на Ципрас “Визер” добива субвенции по три основи Црвена проверка за сите што ќе сакаат да го чујат Заев Судиите не можат сами себе да се амнестираат Опозицијата сеуште владее во МРТ Рокот од УНЕСКО ќе го потрошиме во дебатирање

Форбс: Тејлор Свифт е најбогата славна личност


САД- Поп-ѕвездата Тејлор Свифт (29) е на врвот на листата на Форбс на славни личности со најголема заработка лани од 185 милиони долари. Најмладата милијардерка Кајли Џенер е втора на листата со заработка од 170 милиони долари. Следат раперот Кање Вест, поп-ѕвездата Ед Ширан и др. Фил. Свифт го зголеми контото откако ја напушти старата […]

Мицотакис ги ограничува негативните последици од Преспа, за властите во земјава Грција ќе го почитува Договорот


Ограничувањето на негативните последици на Договорот од Преспа е еден од седумте итни приоритети на Владата на новиот грчки премиер Кирјакос Мицотакис во однос на работата на Министерството за надворешни работи. Без повеќе детали изнесени во јавноста што значи тоа ограничување, вчера на првата владина седница новиот шеф на дипломатијата Никос Дендиас доби коверт, во […]

Црвена проверка за сите што ќе сакаат да го чујат Заев


Владата подготвува нов протокол за безбедна комуникација по гафот со руските комичари, кои во неколку наврати разговараа со премиерот Зоран Заев претставувајќи му се како Петро Порошенко (довчерашен претседател на Украина) и Јенс Столтенберг (генерален секретар на НАТО). Документот е во фаза на подготовка, но стручњаците што се инволвирани во процесот објаснуваат дека ќе се […]

Политички пинг-понг за Охридскиот Регион: Рокот од УНЕСКО ќе го потрошиме во дебатирање


Дали новиот предлог-закон за управување со природното и културно наследство на Охридскиот Регион ќе ги реши проблемите или ќе остане уште едно нефункционално решение запишано на хартија? Оваа дилема се наметна откако предлог-законот влезе во собраниска процедура. Македонските власти добија дополнителен рок до февруари 2020 година за спроведување на препораките на УНЕСКО, за Охридскиот Регион […]

Од денес пак сончево и топло


Денеска времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе биде 9. Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 27 Целзиусови степени, Маврово 19, Охрид 23, Битола 25, Крива Паланка и Берово 23, Кавадарци 29, Дојран 30.   И за утре прогнозата е сончево време со […]

МНР: Досега нема информации за настрадани македонски државјани на Халкидики


До овој момент нема информации за настрадани државјани на Северна Македонија во невремето што го зафати поширокиот грчки регион Халкидики, потврдија од МНР. Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од страна на надлежните институции. Во невремето што го погоди Халкидики, една најпосетуваните летни дестинации на македонските […]

Утврдена група за борба против дезинформации и хибридни закани на ЕУ


Белгија – Амбасадорите на земјите членки на ЕУ вчера дадоа зелено светло за формирање на хоризонтална работна група за борба против хибридните закани, со посебен фокус врз лажните вести и дезинформациите. Оваа работна група е предлог на трите последователни претседателства, романското, финското и хрватското. Според документот до кој дојде Агенција Европа, претседателствата планираат да исцртаат глобален […]

Кога резервирате карта за „Визер“, прочитајте ги условите


Пред да летаат со „Визер“, патниците треба внимателно да ги прочитаат условите за превоз на веб-страницата на превозникот. Само така ќе ги знаат правата и обврските, информираат од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Таму не се обратил никој од осумтемина патници кои минатата недела, и покрај тоа што имале резервирани седишта на летот со унгарската нискобуџетна […]

Каролина, Катарина и Лоба: Зошто се најангажирани заштитни лица во Македонија?


Ги гледаме на сцена или писта, ни се смеат од билборди или градски автобуси, на козметички и модни каталози. Како дами, невести, супероблечени или соблечени. Сите ги копираат нивните стилови од улица, патувања, настапи… Споделуваат фотографии на социјалните мрежи, имаат најмногу следбеници на Инстаграм. Сите сакаат да дознаат за нивниот приватен живот, дружби и патувања. […]

Во невреме на Халкидики загинаа шест лица


Грција – Во силното невреме што вечерва ја зафати Северна Грција, шест лица го загубија животот на Халкидики, 30 лица биле спасени од домови и автомобили, а 20 се префрлени в болница, потврдуваат од грчката противпожарна служба. Грчките медиуми објавија дека петмина од загинатите се од Романија, Чешка и Русија, а животите ги загубиле во […]

Скопје не очекува опструкции од Атина за датум наесен


Северна Македонија не очекува новата Влада на Грција да ја користи ЕУ за да издејствува одредени измени во Преспанскиот договор. Властите во Скопје сметаат дека станува збор за меѓудржавен договор со меѓународна гаранција што мора да се почитува. Претседателот Стево Пендаровски по смената на власта во Грција, не очекува пресврт од грчка страна во однос […]

ЛУКОИЛ ќе ја отвори 31-та бензинска станица


По повод отворањето на 31-та бензинска станица во земјава, денеска во населбата Ченто, во Скопје, ЛУКОИЛ Македонија ќе одржи прес-конференција. На отворањето на објектот ќе се обратат премиерот Зоран Заев, амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија Сергеј Баздникин и Андреј Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија. Бензинската станица е лоцирана на ул.„Методија Андонов […]