Форбс: Тејлор Свифт е најбогата славна личност


САД- Поп-ѕвездата Тејлор Свифт (29) е на врвот на листата на Форбс на славни личности со најголема заработка лани од 185 милиони долари. Најмладата милијардерка Кајли Џенер е втора на листата со заработка од 170 милиони долари. Следат раперот Кање Вест, поп-ѕвездата Ед Ширан и др. Фил.

Свифт го зголеми контото откако ја напушти старата издавачка куќа и му се придружи на семејството на Јуниверзал. Неодамна Тејлор заплива и во дизајнерските води, со линија на облека, во соработка со англиската дизајнерка Стела Мекартни.

Од поп- групите, на листата високо котира и „Иглси“ , на 10 место.

Од фудбалерите со најмногу заработка, на листата се: Лајонел Меси, Нејмар, Роналдо и Канело Алварез.

Двејн Џонсон е единствен актер кој се искачи повисоко на листата. Меѓу првите 20 се и тенисерот Роже Федерер, радиоводителот Хауард Стерн, писателката Роулинг, поп-ѕвездата Елтон Џон, и Џеј-Зи и Бијонсе со по 81 милион долари, подеднакво.