ЛУКОИЛ ќе ја отвори 31-та бензинска станица
По повод отворањето на 31-та бензинска станица во земјава, денеска во населбата Ченто, во Скопје, ЛУКОИЛ Македонија ќе одржи прес-конференција.
На отворањето на објектот ќе се обратат премиерот Зоран Заев, амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија Сергеј Баздникин и Андреј Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.
Бензинската станица е лоцирана на ул.„Методија Андонов Ченто“, нас. Ченто, на излезот од Скопје на патот кон Арачиново.