Од денес пак сончево и топло

Денеска времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе биде 9.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 27 Целзиусови степени, Маврово 19, Охрид 23, Битола 25, Крива Паланка и Берово 23, Кавадарци 29, Дојран 30.

 

И за утре прогнозата е сончево време со мала облачност и со умерен северозападен ветер. Дневните температури ќе се движат од 19 до 32 степени.