Мицотакис ги откажа денешните средби поради ситуацијата на Халкидики


Грција– Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис од утрово се информира за последиците од невремето што одзеде шест животи, а поради ситуацијата на Халкидики ги откажа средбите закажани за утрово, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис беше планирано во 10,30 часот да се сретне со поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, а час подоцна да го посети Министерството за образование.

Поради ситуацијата на Халкидики, овие средби се откажани.