(Фото) Се удрија „ауди“ и комбе кај крстот во Аеродром, има повредени


 

Тешка сообраќајна незгода се случи утрово во Аеродром, на крстосницата кај крстот, во која има неколку повредени.

Имено, на крстосницата на „Трета Македонска бригада“ и булеварот „Србија“ се удриле автомобил „ауди“ и комбе. Предниот дел на автомобилот е смачкан, а комбето завршило во спротивен правец на булеварот.

Во незгодата, како што информираа од МВР повредени се неколкумина, кои се пренесени во болница. Сѐ уште не се знае состојбата на повредените, а полицијата изврши увид на местото на несреќата.