Изложба за модата на црногорскиот двор во Скопје: Кој дојде од политичката и културната елита?   


Модата ги спои политиката и културата синоќа на отворањето на ексклузивната гостувачка изложба од пријателска Црна Гора во Музејот на македонската борба, насловена „Европската мода на црногорскиот двор-рефлексии“. Претставници од државниот врв, предводени од премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски , министрите за култура на Македонија […]

Нови рочишта за „Монструм“, „Траекторија“ и „Тарифа“


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат нови рочишта за „Монструм“, „Траекторија“ и „Тарифа“. Случајот „Монструм“, кој се однесува за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка. За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Уживате во влијанието што го наметнувате во светот, ослободени од финансиските грижи: напредни и чесни, ги потиснувате непријателите и постигнувате успех. Ако најдете грешка во останатите, тоа ќе биде уште едно искуство повеќе: знајте дека правдата иако понекогаш спие, но секогаш стигнува на време. Мудрост. БИК: Започнувате одново, оставајќи го болното минато зад вас: […]

(ВИДЕО) Лудило на „Етихад“, пирова победа на Сити против Тотенхем, Ливерпул го декласираше Порто


Тотенхем и Ливерпул се последните полуфиналисти во Лигата на шампионите по вечерашните реванш четвртфинални пресметки. На „Етихад“ во Манчестер се одигра вистинска драма и неверојатен меч. Манчестер Сити успеа да го победи Тотенхем со 4:3, но тоа беше залудно со оглед на тоа дека Тотенхем славеше на првиот натпревар во Лондон со 1:0, па благодарение […]

(ФОТО) Нови фотографии од Нотр Дам направени од воздух, отворен конкурс за архитекти


Два дена по пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз, француските власти планираат меѓународен конкурс за архитекти кои ќе работат на реконструкција на зданието. Во меѓувреме се објавени нови фотографии од Нотр Дам од воздух, кои ја прикажуваат штетата која е нанесена врз славната катедрала. За градежните стручњаци тоа ќе биде голем предизвик бидејќи претседателот […]

Почина поранешниот претседател на Перу кој се застрела при обидот за апсење


Поранешниот претседател на Перу Алан Гарсија почина откако си пукаше во главата кога полицијата дојде да го уапси во неговиот дом. Поранешниот лидер беше итно пренесен во болница, но лекарите не успеаја да го спасат, јавуваат локалните медиуми. Тој е обвинет дека примал мито од бразилската компанија „Одебрехт“. Адвокатот на Гарсија Ерасмо Рејна ја потврди […]

Милкие Халими го осуди нападот врз екипата на ТВ21 и побара расветлување на случајот`


Градоначалничката на Арачиново Милкие Халими го осуди нападот врз екипата на ТВ 21, кој беше извршен на територијата на општината, откако новинарите снимале граѓани, кои се жалеле на лошата инфраструктура во селото. Таа побара целосно расветлување на случајот, а нејзината реакција е содржана во дописот што го испратила до ЗНМ. -Најостро го осудувам чинот што […]

Шокантна судиска одлука: Американска компанија мора да плати дури 14 милијарди фунти!


„Мастеркард“ се соочува со една од најголемите тужби во својата историја, а ако го загуби спорот, би можел да должи на секое лице во Британија по 300 фунти. Шокантната судска одлука против американската компанија за финансиски услуги „Мастеркард“ отвора можност да бидат обештетени околу 4,6 милиони Британци, кои поскапо плаќале провизија. „Многу сум задоволен со […]

Сиљановска испрати порака од Берово: Се сѐ менува во животот, но татковината никогаш


Кандидатот за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Сиљановска Давкова вечерва во рамки на изборниот карван одржа митинг во Берово, на кој пред беровчани рече болката на народот е татковината. -Ќе почнам од болката наречена татковина. Се може да смените во животот, но татковината никогаш. Една е татковината, а татковина без мајка нема, на […]

Рохани побара од САД да ги суспендираат санкциите кон Иран поради големите поплави


Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека САД треба да ги суспендира санкциите против Иран поради неодамнешните поплави што ја погодија земјата, при што загинаа десетици лица. – Американските претставници кога би имале мудрост би објавиле дека ги суспендираат санкциите на една година поради поплавите во Иран, посочи Рохани. Тој додаде дека Бела куќа […]

ССНМ остро го осудува нападот врз екипата на ТВ21


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро го осудува нападот врз екипата на ТВ21 кој вчера се случил во селото Арачиново пред и во зградата на општината. Според објавениот прилог на ТВ 21 за нападот, ТВ екипата била нападната од четворица мажи кои барале да бидат избришани снимките од граѓаните кои се жалеле на […]

Гвардиола верува во успех, Сити против Тотенхем со сите оружја, Ливерпул е фаворит против Порто


За менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола нема дилеми пред вечерашниот реванш со Тотенхем во четврт-финалето во фудбалската Лига на шампиони. „Граѓаните“ имаат негатива од еден гол (0:1) од првиот меч со „спарси“, но Шпанецот е уверен дека тим од „Етихад“ ќе успее да го поништи минусот и за првпат ќе игра полуфинале под негово […]

Силна олуја во Атина: Гром удри во Акропол, четворица завршија во болница


Од удар на гром во Акрополот во текот на денешната олуја во Атина повредени се четири лица, пренесуваат грчките медиуми. Во ударот од гром скршен е прозорецот од чуварската куќичка, па две жени и двајца чувари кои биле во куќичката поради полесни посекотини се пренесени во болница. Жените по прегледот се пуштени, а чуварите се […]

Могерини бара забрзување на пристапните преговори со земјите од Западен Балкан


Шефицата на дипломатијата на Европска унија, Федерика Могерини во своето завршно обраќање пред Европски Парламент ги истакна успесите на надворешната политика на ЕУ кон Западен Балкан, јави српската новинска агенција Танјуг. Могерини како успешен пример на европската политика кон Балканот го наведе Договорот помеѓу Скопје и Атина. Могерини посочи дека би била голема стратешка грешка […]

О’Конел: Оној кој вели дека немало воени злосторства во Косово лаже


Амбасадорот на Обединетото Кралство во Косово Руаири О’Конел порача дека „не смее да се негира минатото“ и „не смеат да се заборават убиените цивили, Албанци и Срби, жртвите на масакрите кои се случија во војната пред 20 години“, јави дописникот на МИА од Приштина. Обраќајќи се во Призрен на започнувањето на проект за ревитализација на […]

МЗТ со огромна победа во Задар дојде на чекор од враќање во АБА


МЗТ Скопје поведе со 1:0 во бараж дуелот за опстанок, односно влез во АБА лигата. Македонскиот претставник како гостин дојде до голема и изненадувачка победа над фаворитот Задар во арената „Крешимир Ќосиќ“ со 89:83, па за враќањето во елитата на Јадранот потребна е само уште една победа пред своите навивачи во СЦ „Јане Сандански“ во […]

Сега е и официјално: Партијата на Ердоган поразена, Истанбул има нов градоначалник


Турската Изборна комисија го прогласи опозицискиот кандидат Екрем Имамоглу за градоначалник на Истанбул, без оглед на жалбата која вчера ја поднесе партијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган „Правда и развој“ за поништување на изборите. Откако го доби мандатот од Изборната комисија, Имамоглу отиде во Градскиот совет на Истанбул, каде контролата веќе 25 години ја имаат […]

ЕК покрена судска постапка против Словенија во судот на ЕУ во Луксембург


Европската комисија ја пријави Словенија пред судот на Европската унија во Луксембург поради спорот во однос на криминалистичката истрага во словенечката Централна банка од 2016 година, кога беше запленет дел од документацијата на Европската централна банка (ЕЦБ), кој не беше дел од истрагата. – Поднесена е пријава до судот на ЕУ и сега е во […]

Де Лихт: Барселона? Не сум потпишал ништо


Капитенот на Ајакс, Матаис де Лихт увери дека во оваа фаза се уште нема ништо сигурно за евентуален негов трансфер. Младиот фудбалер е посакуван од Јувентус, Барселона и Баерн Минхен, а според информациите, најблиску е до „Камп Ноу“. По синоќешната победа со 2:1 над Јуве во ЛШ, холандски новинар се обрати кон него со прашањето: […]

Анчелоти пред реваншот со Арсенал: Ни треба храброст, ум и срце


Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти бара од своите играчи храброст, ум и срце, со кои ќе се обидат да ја израмнат негативата од првиот натпревар против Арсенал. Неаполитанците загубија со 0:2 во Лондон пред една недела и ќе имаат тешка задача за реваншот од четвртфиналето во Лига Европа утре. – Со три зборови: имаме потреба […]