„Тајм“ со листа на 100 највлијателни луѓе за 2019 година


САД– Американскиот магазин „Тајм“ објави листа на 100 највлијателни луѓе за 2019 година, а победниците како и досега ги има во повеќе категории, од дебитанти до титани. На листата на дебитанти има имиња кои имаат различен стаж на јавната сцена. Тука се наоѓаат глумицата Сандра О. (47), која е годинешна добитничка на Златниот Глобус („Killing […]

Сто и дваесет авиокомпании со забрана за летање во ЕУ


Европската Комисија ја објави најновата црна листа на забранети авиокомпании, вкупно 120 се засегнати, меѓу нив една европска компанија. ЕК редовно го обновува списокот на забранети авионски компании во рамките на своите политики за безбедност на патниците. Од 120-те забранети компании, 114 се сертифицирани во 16 држави во кои Европска Унија смета дека национална контрола […]

Болтон најави проширување на „црната листа“ на Куба


Соединетите Американски Држави на „црната листа“ на санкционирани кубански поединци и компании, додаваат уште пет, кои имаат врски со разузнавачките и воените служби на Куба, изјави вчера американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон. На листата првпат се најде и кубанската воена авиокомпанија „Аерогавиота”. Болтон им се обрати на ветераните на неуспешната инвазија на Заливот […]

Се судриле мопед и велосипед, повредени две жени


Во Велес, во средата попладне се случила сообраќајна незгода во која учествувале мопед и велосипед, повредени се две жени. Во средата, во 17.25 часот било пријавено дека во Велес на улицата „Димитар Влахов“ кај железничкиот мост се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Априлија“ со велешки регистерски таблици, управуван од Ѓ.К. (50) од Велес и велосипед […]

Хемофиличарите бараат лекови без тендер


Болните од хемофилија А и Б и хемофилија со инхибитори на Светскиот ден на хемофилијата побараа набавката на факторот за коагулација на крвта да не оди преку тендер за да не се случи пациентите да останат без лекови. Сега не им фали фактор за коагулација, проблем со кој се соочуваа лани. Претседателката на Здружението на […]

(Видео) Оган во моторот на „боинг 737′ при полетувањето


Моторот на „боинг 737“ го зафати пожар во моментот на полетување од московскиот аеродром. Според снимката која се појави на социјалните мрежи, огнот се појавил во внатрешноста на моторот на авионот и тоа во моментот кога тргнал да полетува. Снимката е направена од патник кој се наоѓал во леталото. Се гледа дека полетувањето, на момент, […]

Рампа и за невакцинираните ученици


Ниту едно дете нема да биде примено во градинка и во училиште ако е невакцинирано, дециден е министерот за здравство Венко Филипче, откако во вторникот беше усвоен предлогот на Комисијата за заразни болести да се прогласи епидемија од морбили на територија на целата држава. Мултисекторската група ги разгледувала сите важечки закони и заклучиле дека има позитивна […]

Балак: Мурињо ќе им даде сјај на Баерн и Бундеслигата


Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Челзи, Михаел Балак верува дека Жозе Мурињо ќе се вклопи одлично во баварскиот колос. Тој играше под раководство на Португалецот на „Стемфорд бриџ“. Специјалниот сензационално се поврзува со најуспешниот германски клуб, откако иднината на Нико Ковач се чини несигурна. – Зошто да не? Жозе Мурињо не е само едно […]

Каролина, Елена и Лоба: Најубавите пејачки ја освојуваат Америка


Пејачките Kаролина Гочева, Елена Ристеска и Викторија Лоба на своите Инстаграм профили деновиве објавуваат фотки од нивните посети на САД. Каролина Гочева појде таму по повод самостојната изложба „Поглед“  на нејзиниот сопруг, талентираниот уметник Михаил Корубин, која се отвара денес во Њујорк, во галеријата „MC“. Елена Ристеска таму има пријатели, но работи и на нова […]

Караџовски си оди без влакно да му фали


  Неколку дена по првиот круг на претседателските избори, пред велигденските празници, судијата Зоран Караџовски ќе го отстапи претседателското столче, на кое треба да седне некој од членовите на ова тело кое избира и разрешува судии, ја следи и оценува нивната работа и утврдува нестручно и несовесно работење. Претседателските избори нема да го спречат изборот […]

Репортери без граници: Влошување на слободата на медиумите во Европа


Иако Европа останува најбезбеден региони за новинарите, изминатата година бележи загрижувачки трендови по убиствата на тројца новинари во Малта, Чешка и Бугарија покажува последниот извештај на Репортери без граници (РСФ) за слободата на медиумите во светот. – Бројот на земјите кои се сметаат за безбедни продолжува да се намалува, додека авторитарните режими ја зајакнуваат својата […]

Најмалку 29 загинати во автобуска несреќа во Португалија


Автобус полн со германски туристи се преврте, при што загинаа 29 луѓе во средата во Цаницо, крајбрежен град на португалскиот остров Мадеира. Уште 27 луѓе се повредени, во несреќата на автобусот што превезувал 55 патници, туристички водич и возач Автобусот се превртел во крајбрежната област околу 17.30 часот, вели градоначлникот на местото Филипе Соуса. Телевизиите […]

Кој сака да го избетонира „Јасен“?


Туризам во „Јасен“ треба и добро е да има, но каков е прашањето што се поставува откако почна изградбата на туристичко-рекреативниот комплекс во месноста Рудина. Во 2010 година била направена Студија за валоризација на природните вредности на повеќенаменско подрачје Јасен, изработена од истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ од Скопје, во рамки на проект на УНДП. На […]

Русковска: Не очекувам наскоро да го сослушувам Груевски


Најдоцна до крајот на мај очекувам да биде подигнато обвинение за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година, но не очекувам дека во скоро време ќе имам шанса да го сослушам и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, порача вчера Вилма Русковска, обвинителката од Обвинителството за организиран криминал и корупција. […]

Могерини: Северна Македонија и Албанија во јуни треба да ги почнат преговорите со ЕУ


Франција- Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини очекува Северна Македонија и Албанија во јуни да ги почнат преговорите за членство во Унијата. Во обраќањето пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Могерини посочи дека би била голема стратешка грешка и пример за „кратковидност“ на ЕУ доколку не донесе одлука […]

Репортери без граници: Северна Македонија на 95-то место според индексот за слобода на медиумите


Северна Македонија е на 95-то место, според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), скокајќи 14 места во однос на претходниот извештај за 2017 година. Главна забелешка на Репортери без граници оваа година е состојбата во јавниот сервис, МРТВ, каде што Владата сѐ уште не спровела реформи. -Иако ситуацијата се […]

Њујорк: Уапсено едно лице со бензин и запалка во катедрала на Менхетн


САД– Њујоршката полиција уапси 37-годишен маж кој синоќа влегол во католичката црква Свети Патрик во Њујорк со канистри со бензин, течен гас и запалка. Бидејќи осомничениот влегол во катедралата во центарот на Менхетн малку пред осум часот вечерта, му пришол припадник на обезбедувањето, соопшти њујоршката полиција. Кога тргнал да си замине, бензинот се истурил по […]

Се огласија ѕвоната на катедралите ширум Франција


Франција – Ѕвоната од катедралите ширум Франција се огласија синоќа во чест на изгорената црква Нотр Дам во Париз. Тие се слушале од базиликата Сакр Кер во Париз па се до Стразбур на исток и Руена на запад. Првата дама на Франција, Брижит Макрон се појави на свечената служба во втората најголема катедрала во Париз, Сен […]

Неформален состанок на генералните секретари за европски прашања на Грција и Северна Македонија


Грција – Подготовка на заеднички комитет за поддршка на интегративниот процес на Северна Македонија во Европската унија, била темата на неформалниот состанок на генералните секретари за европски прашања на Грција и на Северна Македонија, Панајотис Павлопулос и Калинка Габер, одржан вчера во грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштуваат од грчкото МНР, […]

Москва: Мотор на авион „Боинг 737“ се запали на писта непосредно пред полетување


Русија – Се запали мотор на „Боинг 737“ на писта само неколку моменти пред полетувањето. Избегната е трагедија, бидејќи патниците брзо го забележале пожарот на моторот. Инцидентот се случил на авион на Утер, кој требал да лета од Москва до Махачкала. Патниците снимале како пламенот го зафатил десниот мотор, додека го снимале самото полетување. Тие […]