Се огласија ѕвоната на катедралите ширум Франција


Франција – Ѕвоната од катедралите ширум Франција се огласија синоќа во чест на изгорената црква Нотр Дам во Париз.

Тие се слушале од базиликата Сакр Кер во Париз па се до Стразбур на исток и Руена на запад.

Првата дама на Франција, Брижит Макрон се појави на свечената служба во втората најголема катедрала во Париз, Сен Сулпис.

Францускиот претседател Емануел Макрон најави петгодишен план за обнова на Нотр Дам, за кој експертите тврдат дека е премногу амбициозен, додавајќи дека обновувањето на катедралата може да трае и до 15 години.

Премиерот Едуард Филип истакна вчера дека обновата на Богородичната црква во Париз ќе биде исклучително тешка.

– Очевидно е дека ова е исклучително голем предизвик и историска одговорност, магласи Филип по состанокот посветен на обновата на катедралата.