Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Уживате во влијанието што го наметнувате во светот, ослободени од финансиските грижи: напредни и чесни, ги потиснувате непријателите и постигнувате успех. Ако најдете грешка во останатите, тоа ќе биде уште едно искуство повеќе: знајте дека правдата иако понекогаш спие, но секогаш стигнува на време. Мудрост.
БИК: Започнувате одново, оставајќи го болното минато зад вас: прашајте се дали вредеа жртвите? Сведоци сте на исклучителни времиња и наоѓате прибежиште кај дрвото на желбите: и вашите ќе бидат исполнети! Одморете се малку и заштедете на страна, разбирајќи дека мора да најдете време за себе. Слушајте ги помудрите од себе.
БЛИЗНАЦИ: Пасивно ги прифаќате понудените опции, правејќи пауза да се одморите. Ако немате доволно волја и грациозност да дадете убави дарови, немојте ниту да се обидувате: би можеле да бидете исмеани. Ограничете се со сопствен напор и работете разумно разбирајќи ја работата која што ја извршувате: нагоните се слатки, но крајот им е горчлив.
РАК: Не може да се вратите назад во минатото: вашето внимание фокусирајте го кон домот и неговите потреби. Бидете умерени и штедете, не размислувајќи за крајниот исход на работите. Крајно време е да научите дека кај мрзеливите луѓе се множат само соништата и со тоа сознание ќе ја надминете немаштијата. Вести кои бараат брза акција.
ЛАВ: Сега ги имате сите инструменти да ја постигнете саканата позиција: бидете умни и не ги издавајте пред време сите ваши планови и цели. Набрзо ќе дојдете до поволни договори, со кои што ќе можете да ја стекнете саканата благосостојба: вложениот труд се исплати, зарем не? Зад себе оставате дела од трајна вредност и тоа ве прави среќни.
ДЕВИЦА: Искористете ја креативната сила интелигентно и не преземајте задачи кои се надвор од вашите капацитети: прашајте се добро со каква сила располагате пред да продолжите напред. На тој начин вашата сила ќе работи за вас, а не против вас, затоа не борете се со ветерници, туку искористете го тивкиот глас на интуицијата и избирајте мудро.
ВАГА: Конфронтација, која што ќе ви даде надеж и дури ќе ве фасцинира: иако ве напаѓаат непријателите, премолчете некој збор и користете ја својата дипломатска страна. Следете ка конвенцијата, почитувајќи ја традицијата и ќе уживате во благосостојба и среќа. Послушајте ги постарите и мудрите немајќи штетни мотиви ниту предрасуди.
СКОРПИЈА: Се прашувате како да напредувате: ретроградниот Јупитер ви отвора толку многу шанси, за кои што треба добро да размислите пред да дојде до разочарување. Не мачете го својот ум со стравови, туку бидете постојани во својата доблест: таа е највисок облик на сила. Дури и да не го гледате крајот на својот пат, верувајте повеќе!
СТРЕЛЕЦ: Убави и благородни, дури и ако има лоши луѓе, не ги отфрлајте: залудно е да ги слушате интелигентните, ако и самите немате доза на интелигенција. Пред вас се договори од долготраен карактер, но не брзајте при одлучувањето. Припремете се подобро и заштитете се со време, бидејќи лесно може да дојде до пад: внимавајте на главата.
ЈАРЕЦ: Ако соберете сила и застанете храбро, лесно ќе ги надминете и најжестоките опоненти: нивната сила е веќе при крај, затоа не двоумете се и појдете кон саканата дестинација. Ако добро размислите, ќе сфатите дека луѓето на кои што им завидувате имаат среќа и слобода која што самите не си ја допуштате. Имајте предност, не говорејќи премногу.
ВОДОЛИЈА: Идеален ден да направите пауза, давајќи му време на своето тело да зацели. Консолидирајте ги внатрешните ресурси и надминете ја играта со остри зборови: контролирањето на јазикот е многу тешко и тој може да ви биде непријател, но и пријател, особено ако се култивирате со достоинство. Почнете задачи со кои што ќе дојдете до слава.
РИБИ: Зад вас е моќна фигура која што ќе ви покаже начин како да постигнете баланс и да напредувате во далечните земји. Не е време да сте будалести, размислувајќи негативно за своето друштво, туку избавете се од неповолните услови со голема интелигенција и храброст. Ако сакате да напредувате, гледајте пред себе, а не назад. Решителност.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ