Маж се залепи за воз во знак на протест
Во Лондон продолжуваат протестите поради односот на власта кон климатските промени, поради што денеска беа блокирани неколку главни крстосници во престолнината на Велика Британија. Тројца демонстранти се уапсени поради блокада на сообраќајот на метро-станицата Кенери Ворф, јави Би-Би-Си. Од понеделникот, полицијата уапси повеќе од 300 луѓе на протестите организирани од групата „Икстинкшен рибелион“ (Extinction rebellion). […]