Индија: Во бура загинаа 47 луѓе


Најмалку 47 луѓе загинаа денеска во силна бура, проследена со песок, грмотевици и дожд, во централна и западна Индија.
Во бурата која се случи вон сезона налетитие на ветрот достигнувале до брзина од 50 км/ч. Оштетени се куќи, откорнати се дрвја и скинати се кабли од далекуводи во државите Мадија Прадеш, Гуџарат, Махараштра и Раџастан.
Најлошо е во Раџастан каде загинаа дури 24 лица.
Премиерот на Индија, Нарендра Моди изрази жалење за изгубените животи и најави помош за семејствата на жртвите.
Сезоната на монсуни во Индија почнува во јуни и завршува во септември.