(ВИДЕО) За обновувањето на Нотр Дам може да помогне видео игра


Невообичаено, но за обновувањето на париската катедрала Нотр Дам може да помогне познатата видео игра „Assasin’s Creed“, пишува Бизнис инсајдер.

Имено, артистката Каролин Миусе, која ја подготвувала играта чие дејствие се случува во Париз, потрошила две години креирајќи ја катедралата Нотр Дам. Додека работела на тоа, Каролин се фокусира и на најситните детали од катедралата, а сите тие дигитализирани документи може да помогнат во нејзиното обновување по пожарот што ја зафати.

– Работев и на другите делови од играта, но мојата главна задача беше Нотр Дам – вели Каролин.

Симболот на Париз катедралата Нотр Дам ја зафати пожар во понеделникот околу седум часот попладне, по локално време. По повеќе од 10 часа борба, пожарникарите успеаја огнената стихија да ја стават под контрола. Сочувана е главната конструкција на катедралата, но покривот е потполно уништен и урнат.
Цела ноќ 400 пожарникари го гасеа пожарот.