Почина поранешниот претседател на Перу кој се застрела при обидот за апсење


Поранешниот претседател на Перу Алан Гарсија почина откако си пукаше во главата кога полицијата дојде да го уапси во неговиот дом.

Поранешниот лидер беше итно пренесен во болница, но лекарите не успеаја да го спасат, јавуваат локалните медиуми.

Тој е обвинет дека примал мито од бразилската компанија „Одебрехт“.

Адвокатот на Гарсија Ерасмо Рејна ја потврди таа информација за елевизијата „Ен“. Министерството за здравство на Перу соопшти дека Гарсија бил примен во болницата и дека во главата има рана од куршум.

„Одебрехт“ е во центарот на најголемиот корупциски скандал во Латинска Америка.

Таа компанија во 2016 година призна дека дала речиси 800 милиони долари мито на официјални лица ширум Латинска Америка, од кои 29 милиони долари на перуанските власти, со цел да добие големи инфраструктурни проекти.

Поради тој скандал беа уапсени голем број политичари ширум Латинска Америка, а најмногу во Бразил и Перу.