Сузана Манчиќ стана грчка снаа


По 18 години врска, познатата водителка, Сузана Манчиќ денеска во црква на островот Пилион се заколнa на вечна љубов со својот долгогодишен вереник, грчкиот банкар Симеон Оцомокос.

Манчиќ за српските медиуми изјавила дека нема да го менува своето презиме и вели дека по церемонијата ќе го сака својот вереник уште повеќе.

Двојката во последен момент се откажала од потпишување на предбрачен договор. „Се подготвивме, но одеднаш нешто му „светна“ на Симеон и ми рече дека не ни треба таков договор.

Иако сакавме да потпишеме предбрачен договор, пред се заради нашите ќерки, сепак се откажавме од тоа. Во секој случај, мислам дека е право време да се омажам“, изјавила Манчиќ.

Ова ќе биде втор брак на најпознатата југословенска „лото девојка“ која претходно беше мажена со поранешниот тапанар на култната група „Седуммина млади“, со кој има две ќерки.