Октетот „Македонија“ е добитник на „Златна бубамара“ за животно дело


Октетот „Македонија“ годинава е добитник на „Златна бубамара“ за животно дело, одлучија организаторите.

Формиран вo 1976 година, октетот „Македонија“ собра тогаш млади и талентирани музички професионалци, кои речиси 40 години одржуваат успешна музичка кариера.Октетот отпеа некои од најубавите песни во македонската фолк и староградска традиција, но оствари завидна кариера и исполнувајќи госпел-музика, црнечки спиритуали и светски евергрини.

Кога пееле на Скадарлија, низ Белград се зборело „Долазе Македонци“, а кога пееле на официјални дипломатски пригоди, странските гости мислеле дека слушаат снимка.

21.издание на „Златна бубамара на популарноста“ за прв пат ќе се одржи во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во четврток, под мотото „За подобар живот“.

„Бидејќи нема чист воздух и подобар живот, единствено што ни преостанува е – добрата забава! Ја затворија Универзална, ни го затворија Метрополис – ни остана само уште БОРИС! Затоа излезете од општествениот притвор и отворете порти за многу подобар живот!, велат организаторите.