Место поделба на историјата, се поделија историчарите


Во учебниците по предметот историја има простор за измени и подобрување – е заклучокот по втората средба на Заедничката комисија за образовни прашања и историја на Македонија и на Бугарија, која траеше два дена во Скопје. Долгите дискусии биле исполнети со многу спротивставени гледишта на двете страни, вели академик Драги Ѓоргиев, кој е на чело на македонскиот експертски тим. Професорите од македонска страна забележале тоа што Македонија во бугарските учебници е претставена како дел од бугарските земји и тогаш кога Бугарија не постоела како држава. Од бугарска страна спорно во македонските учебници било претставувањето на Самуиловото царство како македонско бидејќи, според нив, станувало збор за продолжение на бугарската држава. Работеле на периодите праисторија, антика и среден век, што во македонските учебници по предметот историја се изучуваат во шесто и седмо одделение, а во бугарските учебници во петто и шесто одделение.

„Генералните забелешки се дека голем дел од учебниците се посветени на политичката и воената историја, дека во одредени карти во антиката и дури во праисторијата и во учебниците на двете земји се етницизира просторот на кој денес живеат македонскиот и бугарскиот народ. Кога станува збор за средниот век, тука има поголем простор за дискусија имајќи го предвид средновековното Самуилово царство, кое кај нас е претставено како македонско, а во Бугарија е претставено како бугарско. Тука имаше најмногу дискусија и се согласивме сите забелешки што ги имаме кон нивните учебници во тој поглед и тие кон нашите учебници да си ги испратиме меѓу нас, со аргументација зошто ние сметаме дека имаме проблеми со одредени ставови и тие исто така“, вели Ѓоргев.

Наставните содржини ги разгледувале бугарските учебници е претставено како бугарско востание. На маса било ставено како еден од настаните за заедничко прославување, меѓутоа се согласиле пред да донесат каква било одлука, дали ќе се празнува или не, заеднички да одржат два форума со професори. Настаните би се одржале дури следната година. Експертите од двете земји се согласиле до владите на Македонија и на Бугарија да им предложат да се продолжи праксата на заедничко празнување на св. Кирил и Методиј во Рим на 24 мај.

„Ние со експерти од областите по историја ќе видиме колку нивните забелешки можат да бидат вградени, врз основа на аргументацијата и на фактите што се релевантни во историската наука. Потоа, врз база на фактите, кога ќе се видиме, ќе настојуваме нешто да се измени, поинаку да се толкуваат настаните и тоа да се прикаже во учебниците“, додаде Ѓоргев.

Забелешките во следните два месеца ќе бидат објект на анализа од двете страни. На крајот на ноември во Софија ќе бидат разгледувани сугестиите и евентуалното одредени усогласени забелешки ќе бидат преточени како предлози до владите на двете држави. Дали ќе бидат прифатени предлозите на домашните и на бугарските експерти или не, ќе зависи од двете влади.

Вероника Мароска-Леова 

Борис Грданоски-фоторепортер