Македонски функционери на „мета“ за перење пари во Србија


Обвинителството во Скопје покрена постапка за високи македонски функционери за кои има индиции за перење пари во соседна Србија.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, како што соопштуваат оттаму, поведе по допрен глас предистражна постапка заради постоење на индиции за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од Кривичниот законик.

Предистражната постапка покрената по написите во повеќе медиуми во Македонија во врска со изјавата на поранешниот српски министер за надворешни работи и претседател на Народната партија во Србија, Вук Јеремиќ. Изјавата се однесува на наводно перење пари во Србија од страна на високи македонски функционери и нивната поврзаност со физички и правни лица од Србија и Чешка.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како што е соопштено, ги презема сите потребни дејствија и координација со институциите надлежни за откривање на овој вид на кривични дела.