Македонската водителка знае да се пошегува, но не трпи критики (ФОТО)


По гостувањето на мисицата Надица Димковска во квизот „Се или нешто“ , водителката Лила Стојановска за момент падна во втор план во однос на гостинката, која има освоено голем број титули за убавина.

Сепак покрај големиот број коментари на социјалните мрежи, водителката која обично знае да се пошегува на своја сметка, реши да возврати на коментар напишан на нејзиниот профил на Инстаграм.

Изгледа дека Лила не трпи критики на своја сметка, па возврати на еден од коментарите на видеото каде што таа прави споредба со висината на Надица.