Најавено раздвижување на судските реформи

Претседателот на Владата Зоран Заев, на синоќешната седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, најавил интензивирање во делот на финиширањето и спроведување на реформите во правосудниот сектор.

На шестата седница на Советот, како што се соопштува, министерката за правда Рената Дескоска го презентирала добиеното мислење од Венецијанската комисија за законите за судови и за Судски совет. Со укажување дека Венецијанската комисија покажала подготвеност и во оваа фаза да ги поддржи наведените закони, министерката Дескоска потенцирала дека се работи за „прецизно трасирање на насоките во делот на измените со конкретни забелешки на одредени членови од законот“.

Нарекувајќи го делот на разрешувањето на судиите „главна тема“, во мислењето на Венецијанската комисија, министерката за правда го пренела различното видување на Венецијанската комисија и укажала дека комисијата прави дистинкција помеѓу нестручност и несовесност во работата на судиите.Говорејќи за критериумите за квалитет на оценување на судиите било посочено дека оценување треба да се исползува заради напредување на судиите.

Дебатирајќи за законот за судови, членовите на Советот, како што е наведено во соопштението од седницата, укажале на одредени недостатоци, повикувајќи се на некои од актуелните состојби.

Октомври