БЕГ: Студентите во „Стив“ немаат парно греење поради дефект во внатрешната инсталација

Екипите на БЕГ пред почетокот на грејната сезона навреме извршија проверка на топлинската станица на Студенскиот дом „Стив Наумов“, при што беше констатирано дека истата е технички  исправна за енергија од централниот систем за греење.

-Во моментов студетскиот дом „Стив Наумов“ нема централно греење поради дефект во внатрешната инсталација, чие одржување согласно важечката регулатива е обврска на управата на домот. Сѐ додека управата не го среди овој проблем во внатрешната инсталација БЕГ не е во можност да испорача топлинска енергија. Студентскиот дом „Стив Наумов“ е во групата објекти кои не ја подготвија внатрешната инсталација согласно обврските за почеток на грејната сезона преземање на топлинска, за што навреме ја информиравме јавноста, подвлекуваат од „БЕГ“.

Од компанијата додаваат дека со оглед на фактот дека се работи за студентски дом каде се сместени голем број студенти, БЕГ како општествено одговорна компанија е секогаш подготвена со своите стручни екипи да даде поддршка на управата на домот за надминување на овој проблем.