Трамп нема да изземе ниту една земја од строгите цени за увоз на челик
Претседателот на САД, Доналд Трамп не планира да изземе која било земја од строгите цени кои ги воведува за увоз на челик и алуминиум, изјави денеска советникот за трговија на Белата куќа, Питер Наваро.
Трамп минатиот четврток донесе одлука за воведување такси од 25, односно 10 отсто, за увоз на челик и алуминиум, што предизвика вознемиреност кај сојузниците на САД и најави евентуален почеток на трговска војна.
Иако тоа се однесува главно на Кина, цените ќе опфатат и значителен дел на увозот од Канада, Мексико, Јужна Кореја, Јапонија и Европската унија.