Изградба на километар автопат во Албанија чини 12,2 милиони евра
Албанија е рангирана на второ место во Европа по трошоците за изградба на клометар автопат, јави дописникот на МИА.
Според анализата на „Ворлд Хајвеј“ за цената на чинење на изградбата на автопати, прозлегува дека Австрија троши најмногу, односно 12,8 милиони евра по километар изграден пат, додека Албанија е на второ место со 12,2 милиони евра по километар.
Ваква цена има новиот автопат Туман-Кашар, кој се очекува да биде изграден со приватно партнерство. Овој сегмент е долг 20 километри и чини околу 244 милиони евра.
По Албанија,на трето место е Унгарија со 11,21 милион евра по километар, а потоа следуваат Хрватска со 6,6 милиони и Данска со 5,8 милиони евра.
Но, трошоците за изградба на автопат, исто така, се поврзани и со теренот, поради што нивната изградба на планински терен често е поскапа.
Албанската Влада планира изградба на повеќе патни правци со приватно партнерство, а предвидената цена на градба е многу висока.