Ди Мајо побара да раководи со италијанската влада


Лидерот на Движењето Пет ѕвезди на Луиџи Ди Мајо изјави дека поради одличните резултати на вчерашните парламентарни избори треба да им биде доверено раководењето со владата.

– Ние сме политичка сила која ја претставува цела нација. Ја претставуваме цела чизма (Италија) од Вал’Даосте до Сицилија, посочи 31-годишниот Ди Мајо.

Тој додаде дека успехот на другите партии е повеќе од регионален карактер.

Ди Мајо изборите ги опиша како „пост-идеолошки“ објаснувајќи дека гласањето не беше поделено на левица и десница, туку беше фокусирано на теми како што се миграцијата и трудот.

Движењет пет ѕвезди освои трипат повеќе места во Парламентот во споредна со изборите во 2013 година.

Италијанците вчера гласаа за 315 членови во Сенатот и за 630 членови во Домот на пратеници.

Според прелиминарните резултати Движењето Пет ѕвезди освои 33,1 отсто гласови на Сенатот и 34,1 процент за Домот на пратеници. На второ место е Демократската партија, предводена од поранешниот премиер Матео Ренци, со 18,7 отсто за Сенат и 18,1 отсто за Домот на пратеници.

Следни се коалициските партнери – десничарската и евроскептична Лига за Северот на Матео Салвини (44) и партијата Напред Италија на Силвио Берлускони со 17,3 отсто и 14,1 процент за Сенатот, односно 15,8 и 13,0 отсто за Домот на пратеници. Тие две партии, заедно со нивните помали коалициски партнери, според истите проекции, освоија најмногу гласови за двата парламентарни дома (36,6 отсто, односно 34,8 отсто), но тие немаат доволно гласови за сами да формираат влада