Зошто мајките во Холандија се најсреќни?


Не е тајна дека Холанѓанките живеат прилично добро и сите постојано слушаме дека децата во Холандија се најсреќни во светот. Сепак, останува прашањето – каде живеат најсреќните мајки во светот? Не мора двапати да погодувате, исто во Холандија.

Во популарната книга „Stuff Dutch Moms Like“ е објаснето зошто холандските мајки се најсреќни.

Се породуваат под нивни услови
Сакате да се породите дома, без лекарска помош? Нема проблем, илјадници жени во Холандија го имаат направено тоа и секојдневно продолжуваат да го прават. Сакате да се породите во болница со најдобра медицинска помош? И тоа го има.

Слободата на избор игра централна улога во холандскиот семеен систем, па не е чудно што бременостите и породувањето резултираат со позитивни искуства, како и со подобар физички и ментален исход за мајките.

Работат пола работно време и имаат флексибилно работно време
Според најновите официјални национални статистики, една од три Холанѓанки „престанале да работат или работеле помалку“ по раѓање на првото дете, само 12% од оние со деца помлади од 18 години работат со „полно работно време“.

Многу работодавачи во Холандија овозможуваат работа со скратено работно време, а во некои случаи на работодавачот не му е дозволено да одбие барања за работа со скратено време.

Флексибилното работно време им овозможува на жените во Холандија да не мора да бираат дали ќе бидат „мајки кои остануваат дома“ или „мајки кои работат“.

Сериозно го сфаќаат распоредот на денот
Повеќето родители имаат прилично строга и дневна ноќна рутина која создава среќни, здрави и одморени деца. Ѕирнете во која било улица во Холандија по 18 часот и нема да забележите ниту едно дете како си игра. Во тоа време мајките веќе ги подготвуваат децата за кревет.

Холандските мајки имаат тајно оружје
Тоа се татковците, кои активно се вклучени во родителството. Над третина од мажите во Холандија имаат скратена работна недела, а 15% од сите татковци бираат помалку да работат. Нема сомнеж дека во домаќинствата во кои татковците се еднакви во родителството, мајките се посреќни.

Имаат нега по породување од светска класа
Негата по породување е едноставно супериорна во однос на која било друга земја. По породување, новите мајки имаат право на 8 дена домашна нега од страна на високо обучена семејна медицинска сестра. Таа е тука да ви помогне да се грижите за себе, за вашето новороденче и исто така ви ја пере облеката, готви оброци, нуди практична поддршка и совети.

Оставаат децата да бидат деца
Веруваат во слобода и независност, да воспитувате дете значи едноставно да го пуштите само. Холандските деца понекогаш може да изгледаат како диви, но оваа слобода помага во создавање на независни деца.

Не се врзуваат за успехот или неуспехот на детето
Родителите во Холандија имаат неверојатна способност да ги издвојат талентите на детето од сопствените, или да забележат дека детето ги нема. Нивните деца не се директен одраз на нив самите, туку се автономни суштества со индивидуален карактер, сила и слабости.