Зеленски се обрати на лидерите на ЕУ да ги потсети на ветувањата


Во видео порака, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, им порача на лидерите на ЕУ дека денеска „одлучноста ќе биде или во Брисел или во Москва“ и ги потсети за „одлуката што беше ветена“.

Киев се надева дека ќе добие повеќе европски пари на самитот на лидерите, како и политичка посветеност за отворање на пристапните преговори со Украина.

Зеленски рече дека оваа одлука „не е за тоа што им треба на политичарите, туку за она што им треба на луѓето“, и оние што се борат во Украина и оние во Европа „кои веруваат дека Европа може да избегне враќање во старите времиња на бескрајни бесплодни несогласувања меѓу главните градови“.

Зеленски, исто така, ги потсети лидерите на ЕУ за историјата на конфликтот во Украина.

„Пред 10 години во Украина, луѓето се кренаа под знамињата на Европската унија… Ве молам едно нешто денес – не ги изневерувајте народот и нивната вера во Европа“.