Зеленски размислува за смена на врховниот командат Сирски


 

Володимир Зеленски размислува за оставка на врховниот командант на украинските вооружени сили, Олександр Сирски, во услови на најголема криза во военото раководство во неговото претседателствување, изјави висок функционер на украинската администрација изјави за „Фајненшел тајмс“. Тој рече дека Зеленски ќе се сретне со воениот персонал овој викенд за да ги слушне нивните проценки за ситуацијата на бојното поле и да разгледа кандидати за функцијата врховен командант.

Изворот на весникот тврди дека претседателот е подготвен да го разреши Сирски ако најде воен лидер способен да обезбеди непречен пренос на власта, а воедно да одржи стабилна одбрана по должината на фронтовската линија долга 1.200 километри.

Зеленски почна да размислува за замена на Сирски откако избувнаа масовни протести поради разрешувањето на 35-годишниот министер за одбрана Михаило Федоров, кој служеше на позицијата само шест месеци, но покажа високи перформанси. Самиот Федоров изјави дека Сирски бил тој што побарал негова оставка, издавајќи „ултиматум“ до претседателот. Зеленски претходно призна дека односот меѓу министерот и врховниот командант целосно се влошил и дека тие престанале да комуницираат директно, оставајќи го неспособен да „го обнови единството“.

Федоров јавно го обвини Сирски за блокирање на реформите во Министерството за одбрана и изјави дека Украина треба да го замени своето највисоко воено раководство, вклучително и началникот на Генералштабот, за да се прилагоди на променливата природа на војувањето. Тој нагласи дека иднината им припаѓа на беспилотните летала и автоматизацијата, додека Сирски се придржува до традиционалниот модел на војување базиран на употреба на пешадија и артилерија.

„На Украинците не им треба човек со палка одозгора кој ќе ги турка на фронтовите 10-15 дена под дронови… Им треба почит. Им требаат нормални договори, услови за служба, можност за преместување и нормални лидери“, рече Федоров.

Сирски, со прекар „Касапот“ поради неговата подготвеност да претрпи големи загуби за да постигне воени цели, ја презеде функцијата врховен командант на украинските вооружени сили во февруари 2024 година, заменувајќи го Валериј Залужни.

Кон крајот на минатата недела, ветерани и припадници на активна служба се придружија на митинзите поради разрешувањето на Федоров, барајќи оставка од Сирски, редок израз на јавно незадоволство од воените функционери, забележува ФТ. Во петокот вечерта, протестите значително се проширија, при што илјадници се собраа на плоштадот „Иван Франко“ во близина на претседателската канцеларија во Киев, како и во поголемите градови, вклучувајќи ги Лвов и Одеса.