За прв пат во 300 години, верниците може да се кечат по оригиналните Свети скали во Рим

Faithfuls kneel on the new restored Holy Stair (Scala Santa) at San Giovanni in Laterano in Rome during a special opening on April 12, 2019. (Photo by Tiziana FABI / AFP)
Верниците конечно можат да се искачат по Светите скали (италијански: Scala Santa) а според христијанската традиција, тоа се скалите на којшто застанал Исус Христос пред тој да биде осуден на смрт со распнување на крст од страна на Понтиј Пилат.
Средновековни легенди тврдат дека Светите скали биле донесени од Ерусалим до Рим во 326 година од страна на Света Елена, мајката на Константин I Велики. Во средниот век, тие биле познати како Скала Пилати (скалите на Понтиј Пилат).
Скалите се состојат од 28 стапки, составени од бел мермер, во Латеранската палата, од спротива на  базиликата Свети Јован Латерански.
Светите скали повторно се отворени во Рим по специјалната реставрација.
Од оваа недела до Пентакост на 9 јуни, посетителите може да се искажат по оригиналните мермерни скали по кои одел Исус да ја слушне пресудата од Понтиј Пилат во Ерусалим.
Во последните 300 години, 28-те скали беа прекриени со дрво инсталирано по наредба на папата за да се заштити белиот мермер, додека верниците беа упатувани да се искачуваат од страните по други скали, слични на оригиналните.
Но, во четвртокот, Светите скали беа повторно отворени за јавноста за прв пат по векови во нивната оригинална форма.  Посетителите може да се качуваат по нив само на раце и на колена и со заштитни ракавици, како и заштитници на нивните чевли.
„Еднаш се искачив по дрвените скали, но сега е многу потрогателно… многу емотивно“, вели еден верник за АФП.
Експерти од Ватиканскиот музеј, исто така работеа на реставрација на фрески од 16-ти век кои стојат по ѕидовите од страните на скалите за да ги доведат во полн сјај, и тие се вовед во просторијата во Римската католичка црква каде се чуваат највредните реликвии.
Реставрацијата, која траеше повеќе од 10 години, е спонзорирана од Getty Foundation од САД.
loading...