Вучиќ повторно предлага воведување смртна казна, по трагедијата со Данка
По трагедијата со смртта на Данка (2) српскиот претседател Александар Вучиќ повторно предлага да се смени Кривичниот законик и за вакви тешки злосторства да се воведе смртна казна. Ваков предлог Вучиќ даде и по масакротв во училиштето „Рибникар“, каде малолетник, ученик во истото училиште уби десет соученици и еден член на обезбедувањето.
Ќе предложам промена на Кривичниот законик
Тој на почетокот на своето интервју за српски Информер, се осврна на случајот со убиството на двегодишната Данка Илиќ во околината на Бор и објасни зошто телото сè уште не е пронајдено.
„Кога некој направил кривично дело, мислел дека ќе остане неказнет“, рече тој во гостувањето на телевизија Информер.
За воведувањето на смртната казна
„За ова може да осудите некого доживотно или 40 години, но мислам дека тоа не е доволна казна. Едно време јавно се залагав и барав Владата на Србија да размисли со Советот на Европа дали е можно повторно да се воведе смртна казна. Ако некое кривично дело заслужува смртна казна, тогаш тоа е кривично дело“, рече тој и додаде дека повторно писмено ќе ја предложи таа промена на Кривичниот законик.
Се сеќава дека тоа го побарал по масакрите во Рибникар и Дубона.
„Оправдувањата на оние кои се против смртната казна се сериозни. Ако еднаш згрешите, а после 10 или 30 години дознаете дека сте згрешиле, тоа е многу поголем грев отколку да му дадете на некого помала казна“, вели тој.
Сепак, тој истакнува дека е за смртна казна кога работите се „очигледни“.
Тој вели дека утрото кога дознал дека е убиена Данка Илиќ, морал да внимава да не ги покаже своите емоции.
„Пред тоа знаевме дека детето е удрено од автомобил, знаев некои други детали. Но, не знаевме дефинитивно. И тогаш ми кажа Гашиќ и тогаш дознавме дека детето не е убиено веднаш од автомобилот, туку после тоа. Ако покажуваш емоции тогаш сите со право ќе ти кажат дека е непримерно. Не сакам да бидам како некои што демонстрираа поради смртта на децата. Како се чувствуваш кога знаеш дека невини деца загинаа затоа што има лудаци и психопати“, праша Вучиќ.