Вработен во училиште во Гостивар силувал девојче – ОЈО бара притвор
Основното јавно обвинителство Гостивар информираше дека донело Наредба за спроведување истражна постапка против скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, казниво по член 188 став 1, како и Злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудио запис или спис со сексуално експлицитна содржина по член 152-а став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.
Од таму информираат дека осомничениот 28-годишник, вработен во основно училиште, го навел девојчето на возраст од 14 години да му прати свои фотографии и видеа со сексуално експлицитна содржина, а потоа ја уценувал дека ќе ги објави ако не излезе со него.
„Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.“, се заклучува во соопштението од јавното обвинителство.