Воена вежба на руска фрегата во Ла Манш


Руска фрегата вооружена со хиперсонични противбродски ракети „Циркон“, изведува антитерористичка вежба и обука за избегнување опасни цели во Ла Манш.

Фрегатата на Северната флота „Адмирал Головко“ мина низ Ла Манш и во моментов извршува мисии во одредените области на Атлантски Океан.

Тоа е прво патување на долги растојанија на фрегата откако беше пуштена во употреба во декември минатата година. Бродот ја напушти својата база на 2 ноември.

Ракетите „Циркон“ имаат дострел од 900 километри и се движат со неколку пати поголема брзина од звукот.