Во Украина рекорден број смртни случаи втор ден по ред


Амбулантно возило пред болница за ковид во Киев (Фото: Ројтерс)

Украина објави втор ден по ред рекорден број на смртни случаи од корона вирус, пренесува Ројтерс. Максин Степанов, министер за здравство, рече дека имало 342 смртни случаи во последниот ден, наспроти 333 смртни случаи забележани претходниот ден.

Земјата, исто така, известува за рекорден број хоспитализации, во текот на изминатиот ден -5.483 Украинци биле пренесени во болница со корона вирус. Дневниот рекорд беше 4.877, пријавен на 11 март.

Во вторникот, Украина ги засили граничните контроли во обид да ги забави инфекциите и сега бара од посетителите да обезбедат негативен тест.

Земјата со 41 милион жители има релативно бавна програма за вакцинирање, со само 137.026 лица кои ја добиле првата доза до 24 март. Земјата објави вкупно 30.773 жртви.