Во руските напади врз Украина загинаа најмалку седум луѓе


Во синоќешните руските напади со балистички проектили врз повеќе цели во Украина загинаа седум луѓе, од кои шест во Криви Рог и едно лице во Киев.

Поради нападот врз градот Лвов, соседна Полска ги активираше воените авиони поради заштита на својот воздушен простор.

Во нападот врз родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски помеѓу загинатите се и две девојчиња од пет и 12 години, додека осуммина се повредени.

Во Лвов спасувачите ги расчистуваа урнатините за да стигнат до заробените луѓе откако руските ракети оштетија две станбени згради и повредија 15 лица.