Во Кремљ средба Путин – Шредер


Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.

Ова за руски медиуми го изјави Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател.
„Да, се сретнаа, тоа беше добар разговор“, рече тој.

На прашањето дали разговарале за можните перспективи за преговори меѓу Русија и Европската Унија, тој одговори дека не знае бидејќи разговорот бил приватен.

„Разговорот беше пријателски, одржан во тет-а-тет формат. Искрено, не ги знам деталите. Се одржа во Москва, во Кремљ“, изјави Ушаков.