Во Калифорнија измерени 54,4 степени Целзиусови, највисока температура на земјата
Во американскиот Национален парк Долина на смртта, што се наоѓа во Калифорнија, е измерена највисоката температура досега на земјата, од дури 54,4 степени Целзиусови.
Таа температура ја потврди и Американската метеоролошка служба, јави Би-Би-Си.
Во претходните денови, а особено минатиот викенд, топлотен бран го погоди американскиот западен брег, а високите температури, исто така, придонесоа за прекин на струја во некои делови, затоа што електраните не функционираа како што треба.
Претходно, највисоката температура беше 54 степени и беше измерена и во Долината на смртта во 2013 година.