Во Германија може да има и до 100.000 нови случаи на ден


Претседателот на Институтот за заразни болести „Роберт Кох“ предупреди дека може да има дури 100.000 нови инфекции со корона вирус на ден во Германија доколку не се спречи ширењето на корона вирусот, пренесува Ројтерс.

„Се разбира, може да бидат 100.000 на ден“, рече Лотар Вилер на неделната прес-конференција.

Ова доаѓа по извештаите дека Германија ќе ја класифицира Франција како зона со висок ризик за Ковид-19, според Ангела Меркел, во потег што може да изгледа дека Берлин ќе ги засили граничните контроли и ќе бара задолжителен карантин при во земјата.

Предупредувањето од институтот, исто така, следи по ненадејниот пресврт на владата за планираното исклучување за Велигден, што би значело дека продавниците и црквите би биле затворени во период од пет дена.