Во Филхармонија концерт на Камерниот оркестар на ФМУ


 Во Камерната сала на НУ Филхармонија вечерва во 20 часот ќе се одржи концерт на Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност – Скопје „Солисти на ФМУ“, под диригентската палка на проф. м-р Сашо Татарчевски.

Како солист на пијано ќе настапи младата пијанистка Аница Нелоска, студентка во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска, која ќе го изведе Концертот бр. 3, BWV 1054 од Ј. С. Бах.

Програмата на концертот опфаќа дела од Х. Персел, Н. Јомели, Л.В.Бетовен, А. Скрјабин, Ј. Сибелиус и Сергеј Прокофјев, претставувајќи разновиден музички репертоар од барокот до 20 век.

Концертот е со бесплатен влез и е со поддршка и покровителство од претседателката Гордана Сиљановска Давкова и Министерството за култура и туризам.