Во Бугарија од Ковид-19 починаа 158 пациенти


Во последните 24 часа во соседна Бугарија од последиците на Ковид-19 починале 158 пациенти.

Регистрирани се 10.151 случај со корона вирус од 42.246 тестирани. Во болница се лекуваат повеќе од 5.000 пациенти, а повеќе од 500 се на интензивна нега. 

Досега, од почетокот на пандемијата од корона вирус се разболеле 951.965 луѓе, а починале вкупно 33.318. Оздравеле 674.414 пациенти.

Според здравствените власти во соседна бугарија 43 отсто од вкупното население е вакцинирано.