Во Британија најмногу заразени од јануари, починаа 63 пациенти
Денеска во Велика Британија регистрирани се 48.553 нови случаи на зараза со корона вирус, што е највисока бројка во еден ден од почетокот на годината.
Претходно најмногу заболени се регистрирани на 15 јануасри, со 55.761 нови случаи, пишува Скај њуз.
Британија евидентира уште 68 смртни случаи поврзани со Ковид-19 денеска, а тоа е најголем број во еден ден од 26 март, кога имаше 70.
Вчера регистрираа 42.302 нови случаи, со 49 починати, а пред една недела 32.551 новозаразени и 35 смртни случаи.