Викторија Лоба го „украде“ шоуто на Моден викенд Скопје


Пред да започнат модните ревии, синоќа, публиката на Моден викенд Скопје во новиот простор Diamond Residence А Class officе, имаше можност да ужива во еден несекојдневен освежителен момент – фузија на креативност и став, инспирирана од живоста на новиот Schweppes Pink Grapefruit.

Во сценски перформанс осмислен како спој на храброст и убавина, уметникот Бојан Ковски ја донесе својата мајсторија во бодипејнтингот, претворајќи ја бојата, текстурата и динамиката на Schweppes Pink Grapefruit во моќен визуелен израз. Креацијата, во која главната ѕвезда беше пејачката и модна икона Викторија Лоба, ја долови шумливата енергија на брендот преку боја, движење и естетика.