(Видео) Русите користат оружје кое за неколку секунди го топи човечкото месо и уништува се пред себе


Руската армија уште еднаш употреби оружје кое за неколку секунди го топи човечкото месо и практично уништува се што ќе и се најде на патот.

Русија продолжува да користи брутални тактики во источна Украина. Вчера армијата на рускиот претседател Владимир Путин претрпе големи загуби, што беше и најсмртоносниот ден од војната.

Украина соопшти дека вчера биле убиени 1.090 руски војници. Освен војници, уништени се 8 тенкови, 7 оклопни возила, а уништена е и друга механизација.

На снимката се гледа дека Русија одговорила на загубите со употреба на моќно термално оружје, кое го „голта“ човечкото месо, метал и бетон. Видеото покажува како испуканиот уред слетува во градот Вухледар, кој е еден од клучните рударски градови на 90 километри од Бахмут, пренесува Дејли Мејл.

Русите веќе ја користеа оваа тактика порано во војната и се чини дека се вратија на старите навики. Оружјето се состои од алуминиумски прав и железен оксид, а гори на температура повисока од 2.400 степени. Доколку дојде во контакт со човечко месо, за неколку секунди го распаѓа до коска.

Најжестоките борби во моментов се водат околу Бахмут, кој Русите се обидуваат да го освојат девет месеци. Киев досега успешно се брани и се обидува да купи доволно време за да организира контраофанзива.

Погледнете го видеото подолу: