(Видео) Насилни корона протести во Шпанија: Кражби, барикади и судири низ целата земја

 

Во Шпанија се одржуваат протести против рестрикциите воведени поради пандемијата од корона вирус, но се претворија во нешто сосема друго, многу насилство и криминал.

Демонстрантите во текот на ноќта запалија контејнери со ѓубре и поставија барикади на неколку улици во Мадрид, а кршеа и излози од продавници во центарот на градот.

Кога полицијата се обиде да го спречи незаконското собирање, демонстратите почнаа да фрлаат камења и факли.Полицијата возврати со гумени куршуми по што демонстрантите побегнаа во блиските улици.

Во Барселона, демонстрантите исто така ја гаѓаа полицијата со камења втора вечер по ред на протестите против рестрикциите. Регионалната влада во Калифорнија одобри нов пакет мерки оваа седмица, вклучувајќи забрана за напуштање на областа во текот на викендот.

До судир дојде и во шпанскиот град Логорно каде демонстрантите палеа контејнери, кршеа прозорци и ограбуваа продавници.

Протести имаше и во Гранада, Малага и Билбао.

Шпанскиот премиер Педро Санчез апелираше Шпанците да покажат трпение и мир, а го осуди насилното и ирационално однесување на „малцинството“.

Шпанскиот парламент одобри шесмесечно продолжување на вонредната состојба и им даде поголеми овластувања на регионалните власти со цел поефикасна борба против пандемијата во вториот бран.

Вонредната состојба во Шпанија ќе трае до 8 мај, но постои можност за укинување на 9 март зависно од ситуацијата.

Регионалните влади можат да ја контролираат слободата на движење и времето за полициски час без комплицирани процедури во парламентот. Многу региони ги зголемија рестрикциите кои вклучуваат полициски час за време на ноќта, карантин и рестрикции во патувањата.