(Видео) Меркел ги моли Германците да ги следат ограничувањата: Навистина ми е жал, но 590 животи дневно е неприфатливо

„Навистина ми е жал, од дното на моето срце. Но, ако цената што ја плаќаме е 590 смртни случаи на ден, ова е неприфатливо” – германската канцеларка Ангела Меркел ги моли Германците да ги следат ограничувањата поради корона вирусот во невообичаено емотивен апел пред Божиќ.

Во говор во парламентот, канцеларката Меркел повика на заклучување за да се запре ширењето на КОВИД-19. Таа се соочи со жесток притисок на екстремно десничарската опозиција, која направи преглед на 15-те години влада на Меркел. Канцеларката Ангела Меркел повика на многу поостри ограничувања на јавниот живот во пресрет на Божиќ. Таа експлицитно излезе во прилог на препораките на Националната академија на науките, објавени во вторникот.

Во нив се повикува на прекинување на одењето на училиште почнувајќи од 14 декември, продолжен Божиќен распуст за училиштата, целосно затворање на се, освен на основните бизниси, почнувајќи од 24 декември, и работење од дома во најголема можна мерка.

Меркел рече дека е против отворање на хотели за да можат семејствата да се сретнат за време на Божиќните и новогодишните празници и дека се согласила со препораките да се затворат продавниците по Божиќ до 10 јануари.

Меркел ги даде своите забелешки во Бундестагот во средата наутро, како дел од дебатата за буџетот за 2021 година. Овие дебати традиционално се можност да се направи преглед на владините перформанси во текот на претходната година. Планираното пензионирање на Меркел следната година по 15 години на власт значи дека ова беше нејзината последна дебата за буџетот.

“Навистина ми е жал, од дното на моето срце. Но, ако цената што ја плаќаме е 590 смртни случаи на ден, ова е неприфатливо”.

Германската канцеларка Ангела Меркел ги моли Германците да ги следат ограничувањата поради корона вирусот во невообичаено емотивен апел пред Божиќ.

Во емотивен говор во парламентот, канцеларката Меркел повика на заклучување за да се запре ширењето на КОВИД-19. Таа се соочи со жесток притисок на екстремно десничарската опозиција, која направи преглед на 15-те години влада на Меркел. Канцеларката Ангела Меркел повика на многу поостри ограничувања на јавниот живот во пресрет на Божиќ. Таа експлицитно излезе во прилог на препораките што Националната академија на науките, објавени во вторникот.